Лани е завршена набавката на нови автобуси, почна изградбата на последната автопатска делница од Коридорот 10 и беа намалени цените на авиобилетите, истакна министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески во отчетот за 2012 година во неговиот ресор.
Според Јанакиески, после повеќе децении низ улиците има 311 нови автобуси. На граѓаните им се овозможени и пониски цени на авиобилетите преку проектот за финансиска поддршка на авиопревозници и склучениот договор со нискотарифната компанија Виз Ер која започна со оперирање на 6 нови дестинации од Скопје до Малме, Базел Тулуз, Ајндховен, Дортмунд и Меминген – Минхен.
– Поволните авиобилети за само два месеци, од кога беа воведени ги искористија повеќе од 112.000 граѓани Доказ за успешноста е и зголемениот обем на патници, односно лани на македонските аеродроми минале 906.871 патници, што пак во однос на претходната година е зголемување за 8,7 отсто, рече министерот за транспорт.
Во делот на патната инфраструктура, Јанакиевски истакна дека се реконструирале и изградиле над 320 километри локални патишта, а особено било посветено внимание на патната делница Катланово – Велес, како и клучниот проект што го стартувале лани автопатската делница Демир Капија – Смоквица, со должина од 28,2 километри, како дел од Коридорот 10.
Во минатата година, потсети, започна голем инвестициски циклус во железницата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


