Судскиот процес против обвинетите за тероризам во случајот „Диво Насеље“ денеска е одложен, бидејќи судиката што го води предметот Верка Петковска е на боледување. Новото судско рочиште е закажано за 31 мај.
Судењето требаше да продолжи во големата сала на Врховниот суд бидејќи во Основниот суд Скопје 1 нема просторни и безбедносни услови за одржување на судењето во кое има голем број обвинети.
Судот на почетокот на овој месец донесе одлука со овој предмет да ја спои постапката со случајот „Молња“, односно со логистичарите што беа уапсени пред неколку месеци. За настаните од Диво Насеље обвинети се 29 лица, а како логистичари осум лица.
На 9 и на 10 мај 2015 година во кумановско Диво Насеље вооружена група се судри со безбедносните сили. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени. Од вооружената група беа убиени и десет лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.