| четврток, 6 декември 2018 |

Нови перспективи за студирање, инвестирање и патување во Австралија

Глобализацијата во светот го достигна својот врв како резултат на значително отворените граници на повеќето земји во светот, кои се и многу позитивно настроени за соработка со другиот дел од светот. Сето тоа придонесе за многубројни потенцијални можности како на приватен така и на професионален план.

avstralija

Викендот што ни претстои означува нов почеток за сите македонски граѓани кои се заинтересирани за посета на Австралија од аспект на студирање, туристичка дестинација, поволна бизнис клима, инвестиции…

Во сабота, 28 мај од 10.00 до 20.00 часот ќе се реализира единствениот и уникатен настан од ваков вид во рамките на Македонија, Австралија ЕКСПО, во новоотворениот хотел „Мериот“ на Плоштад Македонија. Овој саем се организира за првпат досега во нашата држава, но и на Балканот, и ќе го концентрира интересот и фокусот на сите македонски граѓани во однос на сите поволности што ги нуди Австралија.

Sydney Opera House and Ferry

Секој сака својот успех и кариера да ги диверзифицира на различни начини и насекаде во светот. Кога ќе се отворат границите на една земја се отвораат нови можности, нови предизвици и нови искуства. Овој настан претставува единствена и уникатна шанса на сите заинтересирани македонски граѓани да се информираат за сите можности кои ги нуди Австралија како една најатрактивна дестинација за живеење, работа, туризам, студирање и инвестирање. Воедно, една од целите на саемот е и да се информираат македонските граѓани за големиот број на визи за Австралија што ќе им го олесни начинот на влез во државата од информативен аспект.

За да се добијат подетални и целосни информации за Австралија како неверојатна можност која што има многу што да понуди за сите заинтересирани македонски граѓани, самиот настан ќе биде официјално отворен од страна на почесниот Австралиски конзул во Република Македонија, г-дин Зоран Костовски како претставник на Австралиската влада. Меѓу излагачите на саемот е и претставникот на владата на Викторија, г-дин Зејн Ребоња, кој ќе ги информира посетителите за инвестирањето и за можностите на оваа држава да спонзорира идни кандидати. Тој ќе информира исто така, за тоа кои се дефицитарните насоки и за начините за аплицирање за спонзорирана виза. Како излагачи на саемот се и Роберт Дејановиќ – извршен директор на АГБ Тренинг, Игор Велички – регионален менаџер за продажба и маркетинг од ЕдуКо, Дејан Трајковски – претставник на Australian Migration Office. Следствено, агентите за миграција ќе ги запознаат граѓаните со условите за аплицирање за визи (визи за постојан престој врз основа на струката, работни визи, туристички визи за туризам или посета на роднини, визи за студирање и др.) како и за законите и потребните документи за поднесување молба за адекватната виза. За уште поисполнета и побогата програма на заемот учество и излагање има и Образовниот Информативен Центар од Скопје кој што ќе изнесе целосно објаснување за подготовката и полагањето на тестовите IELTS и TOEFL. 

Како излагачи се јавуваат и претставниците на познатите училишта во Австралија кои ќе им овозможат на сите потенцијални студенти да станат дел од нивното едукативно семејство кое што константно нуди ново искуство, нови успеси, нова мрежа на контакти и дополнително унапредување во животната кариера на студентите како што се: Кембриџ Интернејшнл Колеџ (Cambridge International College), Универзитетот Саутерн Крос (Souther Cross University), Баркли Колеџ (Barkly College) и многу други училишта што ќе информираат за условите за студентска виза, ќе ги понудат своите програми за студирање, цените на школарините или стипендии и начините на школување во Австралија и ќе им овозможат на сите студенти ново искуство, нови успеси, нова мрежа на контакти и дополнително унапредување во својата животна кариера.

Интересот за Австралија на овие простори е секогаш огромен бидејќи позната ни е поврзаноста на луѓето од Македонија со Австралија со децении наназад, но позната ни е и комплексноста во аплицирањето за виза, долгата низа на документи и сложените процедури. Се надеваме на голема посетеност на саемот кој ќе прерасне во традиционален. Австралија Експо нуди можност самите граѓани да ги пронајдат одговорите на нивните прашања и на тој начин да ја остварат својата цел. Со тоа ќе ја доближиме Австралија до Македонија и обратно. Ве покануваме да не посетите на овој настан и да поминете еден информативен и забавен ден со сите нас. Овој саем има за цел да ја зголеми мотивацијата и иницијативата кај македонските граѓани за усовршување на својата кариера и воедно подобрување на експертизата и бизнис климата во РМ во иднина. РМ има одлична можност да ја зацврсти претходно заснованата позитивна соработка со Австралија и да ја зголеми професионалната експертиза за РМ во иднина, – изјави Дејан Трајковски, Организатор на Австралија Експо.

Сите заинтересирани македонски граѓани имаат бесплатна можност за посета на ваквиот настан од уникатен карактер, сепак, единствената молба за сите заинтересирани граѓани се однесува на нивна претходна регистрација за учество на настанот на следниов линк: www.AustraliaExpo.mk и тоа се со цел да се овозможи беспрекорна организација и координација на активностите во текот на денот. Но, ако заинтересираните не се во можност да се регистрираат преку горенаведениот линк, во тој случај слободно можат да дојдат на настанот и евиденцијата ќе биде направена во самиот хотел. Многу корисни и интересни информации за настанот и Австралија можат да се видат и на фан страницата Facebook:www.facebook.com/AustraliaExpo.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top