| четврток, 6 декември 2018 |

Гробот на Аристотел пронајден во Грција?

Гробот на славниот грчки филозоф Аристотел можеби е најден во северна Грција.
Информациите се објавени на светскиот конгрес насловен „Аристотел 2400 години“ што се одржа во Солун.

Aristotel

Гробот на Аристотел, најверојатно, се наоѓа во градот каде што бил роден во древната Стагира, на источната страна на полуостровот Халкидики во близина на градот Олимпија.

-Постојат силни индикации дека го најдовме неговиот гроб“- вели Костас Сисманидес, а пренесуваат грчките медиуми.

Се претпоставува дека жителите на Стагира ја донеле пепелта на Аристотел во неговото родно место по неговата смрт во 322 г.пр.н.е во јужниот град Калкиди и го положиле во зграда со облик на потковица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top