
Ноќта помеѓу саботата и недела полицијата уапсила десет жени при контрола во угостителски објект „Бакарди“ во Гостивар, во непосредна близина на наплатната рампа.
Како што информираат од МВР, во локалот биле затекнати десет жени, од кои седум државјанки на Македонија, една од Србија и две од Бугарија.
Во полициската станица во Гостивар биле приведени и двесет и осумгодишниот А.С. и три години постариот Ф.С. двајцата од Гостивар, кои полицијата ги ослободила откако извршила разговор со нив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


