| четврток, 6 декември 2018 |

Дрско и во облаци: СЈО е во функција на СДСМ, со задача по секоја цена да се одбрани Заев

sjo mia 3

Не сите, но повеќето од обвинителите во СЈО се влезени во филм на големи ѕвезди. До вчера повеќето од нив никој, освен тесниот круг познајници, не ги познавал и поздравувал, а сега откако поддржувачите на СДСМ им честитаат и се сликаат со нив на улица, тие мислат дека тоа е цела Македонија и дека имаат голема поддршка од народот, го коментира Груевски настапот на некои обвинители од СЈО, а од друга страна, вели тој, очигледно е не можат да се носат со новата улога и нивното однесување кон институциите е крајно деградирачко, од позиција на сила, дрско и заплашувачко. Отворено им се фалат на нивни пријатели дека зад нив стои оваа или онаа држава, дека никој ништо не им може, дека се недопирливи, дека се херои, дека имаат голема кариерна иднина, бидејќи некој што стоел зад нив немало да ги заборави.

Сето тоа го зборуваат, и освен луѓето што се активисти на СДСМ, другите се шокирани кога ги слушаат и потоа коментираат, во смисла дека се одлепиле од земја, дека им требаше еден месец и неколку прес-конференции за да летнат во воздух. Зачудени се што сето ова го гледаат низ перспектива на своите кариери, и некој друг да задоволат, а не правдата. Не се ни свесни кое е објективното мислење за нив. Не се ни свесни дека над 60 отсто од Македонците не им веруваат, а дека процентот на оние што им веруваат се поклопува со процентот на поддржувачи на СДСМ.

Дејствуваат како партиски разгранок на СДСМ. Ставени се во функција на СДСМ. За секој од случаите што ги испитуваат тргнуваат со претпоставка и цврсто убедување дека клеветите и обвинувањата од прес-конференциите на СДСМ се точни, и сега тие по секоја цена мора да ги докажат, користејќи многу често, како што кажав, удбашки методи од 50-тите години на минатиот векНивниот пристап не е да истражат како било, дали тоа што го тврдеше СДСМ е точно или не, и евентуално во законска постапка да приберат докази доколку е точно, туку по секоја цена да се одбрани и докаже дека СДСМ бил 100 отсто во право.

Груевски додава дека ако Заев објави, тие се тука за да го докажат тоа, независно дали е точно или не неговото тврдење и обвинување. По секоја цена, и со сите дозволени и недозволени методи, со притисоци и закани како кон сведоците и институциите така и кон судот и судиите, и со континуирано барање помош за притисок во ист правец од претставниците на меѓународната заедница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top