Струмички таксист бил давен од тројца патници, но сепка успеал да се ослободи да си земе парите и мобилниот телефон од возилотот и да избега. Бандититтер се уште не се фатени.
СВР Струмица јави дека вчера околу 11,20 часот во Струмица на улица Елка Јанкова три непознати машки лица извршиле разбојништво над такси возачот И.Н.(45) од Струмица.
Кога И.Н. со такси возилото ги донел на наведеното место, лицето кое седело на предното седиште му ги одзело парите кои биле под пепелникот напред во возилото, додека лицето кое седело позади со рака го фатило за вратот, по што И.Н. успеал да се ослободи, да ги земе парите и да излезе од возилото. При повторен обид лицата да му ги одземат парите и телефонот, И.Н. почнал да бега и да вика по што лицата побегнале. Се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.