Милиони на своите сметки добивале анонимни невладини организации кои пак исплаќале огромни хонорари на физичи лица кои сега се најгласни на протестите. Тоа доведе до брутално и отворено коорумпирање на општеството, движење на црни пари за рушење на демократска власт.
Сорос не е единствениот играч на терен, присутен е и српски КАНВАС кој ги усовршува методите и начините на дејствување, кој во основа прават ерозија на правниот систем и газење на моралните и етички вредности, го загорзуваат спокојството на граѓаните и нивната сигурност, пишува Нетпрес.
Поради неколку стотина луѓе се врши тиранија и пресија врз два милиони недолжни граѓани. Додека СДСМ продава приказни за постоење на режим, нивните јатаци на терен се полнат со црни пари. За таа улога клучни се спотер организациите кои служат како бројка во коалицијата на невладини финансирана од СОРОС.
Сите имиња на луѓе кои добиле пари од организациите на СОРОС, а кои порталот изминатиот период ги објавува, се дел од платеничката револуција на СДСМ и секојдневно протестираат. Причината не е вербата во вредности, туку добивањето пари и лична заработка.
Само за плати и хонорари за триесетина лица во последните две години Сорос Македонија фрапантни околу сто милиони денари или поточно 97.600,816 денари. Само претседателката Фани Каранфиловска инкасирала 4.808.567 денари, уште подобро стои сопругата на еден од осмничените во „Пуч“, Ѓорѓи Лазаревски, кој неовластено снимал разговори. Неговата сопруга Споменка Лазаревска инкасирала 5.122.830 денари, а Владе Милчин за една година заработил 2.693.207 денари, стои во текстот на Нетпрес.
Веројатно никој не слушнал за Македонско здружение на млади правници кое за две години потрошило 24.647.603 денари само за хонорари и разни плаќања на физички лица.
Досега е познато и дека од тие пари заработиле и новинарот на „Фокус“, Саше Димовски, уставната судика Наташа Габер, адвокатот на Заев, Филип Медарски, како и професорката Мирјана Најчевска, која го нарушуваше јавниот ред и мир и ги сквернавеше спомениците на народните херои и зградите на институциите платени со парите на граѓаните, пишува Нетпрес.
Освен тоа што знае да фрла со боја, многу подобро заработува и првиот човек на Хелсиншкиот комитет, Уранија Пировска. За истиот овој период Хелсиншки комитет за хонорари и плати поделил околу 15 милиони денари, а на платниот список, освен Уранија која заработила за една година 1,2 милион денари, е и Љуми Бекири, Кочо Андоновски, а од Соровите организации успеала пари да добие и ќерката на Уранија Пировска.
Според Нетпрес, Соросовиот Центар за развој на медиуми обезбедил пари скоро за сите учесници во платеничката револуција на СДСМ. Тие за периодот 2014-2015 година потрошиле над 10 милиони денари за разно разни плаќања меѓу кои веќе објавивме дека тие биле наменети за пратеничката на СДСМ, Рената Десковска, за новинарката Билјана Секуловска, за наводниот граѓански активист Џелал Хоџик, за новинарот Зоран Димитровски, новинарите Предраг Петровиќ од „А1он“, Гордана Дувњак од Утрински, за сопругата на Бранко Геровски, Геровска Илиќ-Билјана, за Саше Димовски, за Ида Протоѓер, за Младен Чадиковски, за Зоран Бојаровски, за Драган Антоновски, за Јован Постоловски од „Либертас“, а пари повторно зеле и Уранија Пировска, како и ќерката на Фрчковски, Лени Фрчковска, и Петрит Сарачини.
Невладината ќерка на Сорос Македонија, „Метаморфозис“, за две години потрошила само за хонорари и плаќања за активности на поединци цели 21.177.685 денари. Од оваа организација пари добиле новинарот Владе Ѓорчев 627 илјади денари, како и синот на Ерол, Горан Ризаов – 342 илјади денари.
Сигурно прв пат ќе ги слушнете, но прилично добри суми на средства биле плаќани и од тотално анонимни невладини, како што се Избор Струмица, Ехо Дендо Вас Скопје, Лил Скопје, Аква Зра, КХА Делчево и многу други. Ова отвора сомнеж дека, освен коруптивен елемент, се крие можност и за финансиски криминал и за перење пари.
Шемата покажува дека пари биле делени на невладини чиишто седишта се зафрлени места, приватни станови, само за да се потрошат парите кои подоцна завршуваат на улица кај платениците кои се претставуваат дека креваат револуција, заклучува порталот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.