| четврток, 6 декември 2018 |

Мурињо потпишува утре, со себе сака да земе ѕвезда на Челси

350259-murinjo-ima-dogovor-so-manchester-junajted

Очекуваното назначување на Жозе Мурињо во Манчестер јунајтед, најверојатно, утре ќе стане факт. Тоа во моментов е последната информација.

Еден од проблемите што го одложи потпишувањето на договорот е тој со трговската марка „жозе мурињо“, која е регистрирана во 2005 година и ја поседува фудбалскиот клуб Челси. Вчера се појавија информации дека можеби ќе треба Манчестер јунајтед да му плаќа на Челси за да го користи името на Мурињо во своите промотивни производи.

Други дискутирани теми, исто така, придонесуваат за конфликтот на интереси помеѓу постојните рекламни договори со кои се обврзани двете страни. На пример, Мурињо е амбасадор на една од најпознатите марки за часовници „хублот“, додека клубот има договор со друга популарна марка „булова“. Слична е ситуацијата и со автомобилските марки. Португалецот е врзан со „јагуар“, додека спонзорот чиешто лого сјае на дресовите на „црвените ѓаволи“ е „шевролет“.

Вчера многу од спорните моменти биле прецизирани, а денес се очекува и последните препреки да бидат надминати и Мурињо својот договор да го потпише утре.

Исто така, уште немало разговори меѓу Мурињо и Рајан Гигс. Португалецот има намера да работи со вообичаениот асистент Руи Фари, па сѐ уште не е јасно каква ќе биде иднината на велшанецот, за кого сѐ повеќе се тврди дека ќе го напушти „Олд трафорд“.

c2675de178af7315a77441b597e35726

Според „Сан“, Мурињо сака во Манчестер јунајтед да земе еден од клучните играчи на Челси, Вилијан. Токму Мурињо пред три години го донесе Бразилецот на „Стемфорд бриџ“ и сега сака да продолжи да работи со него.

Британското издание тврди дека Манчестер јунајтед најдобриот играч на Челси за изминатата сезона ќе го чини 60 милиони фунти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top