| четврток, 6 декември 2018 |

Перо Антиќ со својот Фенербахче поведе со 1-0 во полуфиналната серија

fenerbahce

Македонскиот кошаркарски интернационалец Перо Антиќ со својот тим Фенербахче стигна до првиот триумф во полуфиналната серија од турскиот плејоф против Галатасарај. Фенербахче славеше со 93-79, а Перо Антиќ имаше забележителна улога на овој меч, постигнувајќи 11 поени, надополнети и со три скока.

Тимот на Антиќ на најдобар можен начин го искористи домашниот терен и по првото полувреме обезбеди убедливо водство од 57-40, кое се покажа недостижно за Галатасарај до самиот крај.

Јан Весели со 24 поени беше најефикасен кошаркар во редовите на Фенербахче, а Боби Диксон беше стрелец на 16 поени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top