| четврток, 6 декември 2018 |

Викенд совршен за плажа, температурите и над 30 степени

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а само во крајниот североисточен дел и тоа во планинските предели ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен долж Повардарието повремено и засилен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од шест до 12, а дневната од 19 до 26 степени.

Во Скопје, слично време, сончево со умерена облачност и со умерен на моменти и засилен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе се искачи до 24 степени.

Следува период на претежно стабилно, суво и топло време. Температурата на воздухот ќе биде во значителен пораст, а најтопло ќе биде за време на викендот и во понеделник кога на повеќе места температурата ќе надмине 30 степени. Во понеделник попладне ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top