| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ се потпира на народот, СДСМ на своите спонзори

gruevski_za_intervju_-_02

ВМРО-ДПМНЕ има две опозиции. Една официјална, СДСМ со неколку сателит или човек-партии, и уште една, би ја нарекол платена  опозиција, иако индиректно и оваа првата користи од средствата на втората. Веројатно некој проценил дека кога СДСМ е во опозиција не може со сопствени сили да се избори кај граѓаните за освојување на довербата и затоа вложува големи пари да им помага. И така е, еве повеќе од две децении, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во првиот дел од мега интервјуто за Телеграф коментирајќи ги обвинувањата дека зад протестите стојат НВО кои располагаат и трошат големи пари за протестите и дека има луѓе што живеат од тоа.

Сите НВО, кои се финансирани од Сорос, кога е на власт ВМРО, работат, се борат повремено и протестираат против нас, а кога е на власт СДСМ, главно работат проекти што се  поддржани од СДСМ. Значи, некој однадвор секогаш низ овие две и пол децении плаќа да му се помогне на СДСМ. Прво, затоа што со таков избор на кадри во раководството неспособни се самите да дојдат на власт или да се одржат на власт и второ, затоа што некој сака да се тие на власт, заради некој негов интерес. Никој не дава толку пари без да има некој интерес од тоа, вели Груевски.

Тој нагласува дека две и пол децении ВМРО-ДПМНЕ се потпира само на народот и се труди колку може повеќе да му биде сервилен и да ги исполни ветувањата кон него и неговите потреби и барања, а СДСМ се потпира на спонзорите однадвор и се сервилни кон нив, а не кон народот.

Народот за нив е само инструмент што треба да се искористи да се дојде на власт и што подолго да се остане. Додека се на власт, клучно е да го задоволат неформалниот сојузник, а за народот ќе фрлат по некоја коска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top