| четврток, 6 декември 2018 |

Лаила Самуелс: Македонците препознаваат добра песна, се надевам тоа ќе е случај и со мојата

Во петок на 3 јуни, во вотрата полуфинална вечер на „Макфест“ ќе настапи и норвешката пејачка и авторка Лаила Самуелс. Во Штип таа ќе настапи под реден број 10, со песната „Last day of our lives“.

– Во Македонија доаѓам првпат. Бев поканета од Милица Фајгељ, која ми кажа многу убави работи за вашата земја – вели Лаила.

Last day of our lives Cover

Продуцент на нејзината песна „Last day of our lives“ е германскиот продуцент The Beatgeets, а според Лаила, песната го слави сето тоа што го имаме. Зборува за шансите кои ги имаме, за коцките во животот, кои ни се редат со текот на времето и за доброто внатрешно чувство – интуицијата.

– Токму таа интуиција ме поттикна да дојдам во Македонија и на „Макфест“. Сметам дека треба секогаш да го следите чувството во вас  – вели норвешката пејачка.

Лаила додава дека долги години работи со изведувачи од Германија, Данска, Норвешка и Велика Британија, кои со задоволство ја прифаќале нејзината музика, електропопот.

– „Макфест“ за мене претставува ново искуство. Знам дека Македонците се многу талентиран народ, речиси сите знаат многу добро да пеат и да препознаат добра песна и затоа не се сомневам дека тоа ќе биде случај и со мојата песна „Last day of our lives“ – изјави Лаила.

Laila

Лаила е родена во Осло, а во последно време е на релација Осло-Берлин, затоа што работи за германска музичка издавачка куќа. На 18 години станала членка на групата „The Tuesdays“, чии песни ги освојувале топ листите низ Америка. По бројните турнеи, одлучила да ја напушти групата и да се фокусира на авторската работа. Создала стотина песни за норвешки, германски и англиски исполнители. Како солист, своето враќање на Норвешката сцена го најавува годинава во суперфиналето на норвешкиот избор за Евровизија, каде што ја изведува песната „Afterglow“.

„Макфест“ од годинава повторно го враќа интернационалниот карактер, а најавени се неколку гости од различни земји.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top