Одлично решение, но се уште е отворено прашање дали некогаш ќе заживее на патничките авиони.
Иако авионските несреќи не се чести, но кога ќе се случат, сите патниците во леталото за жал загинуваат. Меѓутоа, најновиот изум би можел да спаси илјадници животи.
Станува збор за кабина (капсула) во која би биле сместени патниците како и до сега, со тоа што во случај на несреќа таа би можела да се оддели од остатокот од авионот и со падобрани безбедно да се спушти на земјата.
Во случај да се спушти на вода, капсулата ќе има душеци кои автоматски ќе се надуваат за да може да плута.
Засега не е познато дали и кога овој изум ќе заживее.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.