| четврток, 6 декември 2018 |

Камерон си купи половна „Микра“ за 2000 евра

Кога сопственикот на една компанија за продажба на половни возила од Оксфордшир примил телефонски повик од службата за обезбедување на Дејвид Камерон, мислел дека можеби неговите пријатели решиле да се пошегуваат со него.

Prime Minister David Cameron walks to his car as he leaves 10 Downing Street, London, to make his way to the House of Commons for Prime Minister's Questions, where he will face a newly re-shuffled Shadow Cabinet. PRESS ASSOCIATION Photo. Picture date: Wednesday January 6, 2016. Photo credit should read: Nick Ansell/PA Wire

Prime Minister David Cameron walks to his car as he leaves 10 Downing Street, London, to make his way to the House of Commons for Prime Minister’s Questions, where he will face a newly re-shuffled Shadow Cabinet. PRESS ASSOCIATION Photo. Picture date: Wednesday January 6, 2016. Photo credit should read: Nick Ansell/PA Wire

– Ми се претставија и ми кажаа дека премиерот е заинтересиран за да ја купи половната сина Микра од мојот авто плац, ја започнува својата приказна Ијан Харис за новинарите на Гардијан.

– Ме замолија да останам во петок половина час подолго на работното место, како премиерот би можел да дојде лично за да го погледне возилото за коешто е заинтересиран, продолжува Харис. И иако и понатаму бил во дилема дали се работи за шега или не, тој се согласил и почекал да види дали премиерот Дејвид Камерон и навистина ќе се појави. На негово изненадување, британскиот премиер и навистина пристигнал во договореното време, во придружба на неговото обезбедување.

david-cameron-compra-nissan-micra-segunda-mano-03

– Тој го разгледа автомобилот како и било кој друг купувач којшто не е премногу упатен во механиката, и одлучи да го купи, опишува Харис како изгледала посетата на Дејвид Камерон.

– Претпоставувам дека огласот за автомобилот го видел на интернет и дека го забележал бидејќи се работи за економичен мал автомобил со пет врати којшто е изработен во Британија, вели тој. Камерон потоа ветил дека ќе дојде следниот ден за да го плати автомобилот, како што и направил.

– Не му дадов попуст, тој ја плати полната цена од 1.495 фунти (околу 2.000 евра). А немаше и никаков посебен третман. Разговарав со него како и со било кој друг потенцијален купувач, објаснува Харис.

– Меѓутоа, ако тој сакаше да купи некој автомобил вреден 20 илјади фунти, тогаш приказната би била сосема поинаква.

Тој тврди дека автомобилот којшто му го продал на премиерот е во одлична состојба, иако има поминато околу 150.000 километри, како и тоа дека Камерон го купил за својата сопруга Саманта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top