Во сабота, 28 мај 2016 г. со почеток во 20 часот, во рамките на 44 „Мајски оперски вечери“, во Македонската опера и балет ќе биде изведен редок настан, Гала концерт на тројца контратенори.Контретенорот е редок и специфичен глас. Се одликува со висини несвојствени за машките гласови. Интерпретираат репертоар од ренесансни, барокни и класични автори, односно автори кои пишувале дела во кои настапуваат високи машки гласови.
На концертот во МОБ, ќе настапат: Макс Емануел Ценчиќ (Хрватска), Василиј Хорошев (Русија) и Реј Ченез (САД)
Режисер е Дејан Прошев, а диригент: Мориц Гнан (Германија)
Настапува Оркестарот на Македонска филхармонија.
Билетите можете да ги купите и резервирате на билетарницата на МОБ, тел: 02 3118-451 или online: www.mob.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.