| четврток, 6 декември 2018 |

Берлускони: Сакам да го продадам Милан на Кинезите

Silvio-Berlusconi

Сопственикот на фудбалскиот гигант Милан наводно изјави дека е подготвен да го продаде клубот на кинески инвеститори, кои веќе некое време важат за фаворити кога е во прашање превземањето на славниот италијански клуб.

Група кинески бизнисмени се во преговори за откупување на 70 проценти од сопствеништвото на Милан веќе подолго време.

Силвио Берлускони не може да се одвои толку лесно од клубот, неодамна самиот тој призна дека сака да остане на чело на клубот уште две или три години.

Наводно, неговото останување на позицијата претседател бил еден од условите кој им го поставил на Кинезите, за да им ги продаде посакуваните 70%.

Сепак, медиумите во Италија пишуваат дека Берлускони се предомислил, на своите деловни партнери им рекол дека сака да го продаде клубот.

„Дали ќе бидете среќни ако клубот го продадам на голем кинески конзорциум?“, прашал Берлускони.

„Не се сомневам дека ќе бидете задоволни. Сакам сѐ да продадам на Кинезите. Друго решение е да ги вложите своите пари, бидејќи јас моите повеќе нема“, додаде претседателот на „росонерите“.

Изгледа дека „светлото на крајот од тунелот“ е се поблиску за фудбалскиот клуб од „Сан Сиро“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top