| четврток, 6 декември 2018 |

Вечера на денот: Обама и Ентони Бореин вечераа во локалан ресторан во Виетнам за шест долари

Сопственичката на еден американски ресторан Нгујен Теи Лиен остана без текст откако во редот за јадење го здогледала претседателот на САД Барак Обама.

Ресторанот на Лиен е најмногу познат по супата која се прави по специјален рецепт од свинско месо и резенки, но досега не ја посетил ниту еден претседател. Обама седел на пластична столица и го нарачал виетнамското јадење „Бун ча“.

obama1

Обама ја искористил официјалната посета на Виетнам да ги проба нивните традиционални јадења заедно со познатиот готвач Ентони Бордеин кој патува по светот, дегустра храна и готви.

Сопственичката на ресторанот знаела само дека ќе ја посети една телевизиска екипа, но ни во најлуд сон не помислила дека ќе дојде и Обама.

obama

– Неговото доаѓање во ресторанот беше големо изненадување за целото мое семејство – изјави Лиен.

Готвачот Бордеин објави на „твитер“ дека вечерата чинела шест долари.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top