| четврток, 6 декември 2018 |

„Јас сум Бонд. Џејн Бонд“ – Славна актерка ќе биде новиот 007?!

jamesbond_screen
Откако беше објавено дека Даниел Крег не мисли веќе да се враќа во улогата на Џејмс Бонд, фаворит на обложувачниците стана Том Хидлстоун. Но, на социјалните мрежи започна кампања со сосема поинакво решение за улогата на славниот таен агент.

Петицијата со хаштаг #NextBond привлекува се повеќе следбеници, а целта ѝ е Џилијан Андерсон да стане новиот Бонд. На култната Скали од „Досие Икс“ оваа идеја ѝ се видела интересна , па на својот Твитер споделила постер на кој е прикажана во таа улога. „Јас сум Бонд. Џејн Бонд. Ви благодарам на гласовите!“, напишала на постерот што ѝ го изработиле фановите.

Колку и да изгледа неверојатна идејата, женски Бонд би го освежил серијалот, а судејќи по постерот Андерсон би била идеална за улогата. Ова не е првпат да се зборива за женски Бонд, па и Даниел Крег изјави дека не би имал ништо против „Џесмин Бонд“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top