Откако беше објавено дека Даниел Крег не мисли веќе да се враќа во улогата на Џејмс Бонд, фаворит на обложувачниците стана Том Хидлстоун. Но, на социјалните мрежи започна кампања со сосема поинакво решение за улогата на славниот таен агент.
Петицијата со хаштаг #NextBond привлекува се повеќе следбеници, а целта ѝ е Џилијан Андерсон да стане новиот Бонд. На култната Скали од „Досие Икс“ оваа идеја ѝ се видела интересна , па на својот Твитер споделила постер на кој е прикажана во таа улога. „Јас сум Бонд. Џејн Бонд. Ви благодарам на гласовите!“, напишала на постерот што ѝ го изработиле фановите.
Колку и да изгледа неверојатна идејата, женски Бонд би го освежил серијалот, а судејќи по постерот Андерсон би била идеална за улогата. Ова не е првпат да се зборива за женски Бонд, па и Даниел Крег изјави дека не би имал ништо против „Џесмин Бонд“.
It’s Bond. Jane Bond.
Thanks for all the votes! (And sorry, don’t know who made poster but I love it!) #NextBond pic.twitter.com/f8GC4ZuFgL— Gillian Anderson (@GillianA) May 21, 2016
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст