Главната авенија во центарот на Руијин, на југоистокот на Кина, пропаднала и притоа ги проголтала и оштетила автомобилите покрај патот.
Дел од патот и тротоарот наеднаш потонал создавајќи кратер длабок три метри, кој проголтал четири автомобили, оставајќи го петтиот да виси на работ од патот. Оваа дупка долга околу 30 квадратни метри, проголтала и едно дрво.
Ова не е прв пат да се појави ваков проблем во Кина. Во април се појавило видео од градот Хангжу, кое ја прикажува сообраќајната полиција го пренасочува сообраќајот поради дупка која се појавила на сред улица.
Експертите предлагаат дека градските власти би требало да извршат геолошки истражувања во редовни интервали, за ваквите ситуации да се спречат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.