| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: СДСМ е немоќен да излезе на чесни избори, со лаги и манипулации сакаат да ме победат

Со подмолни лаги и манипулации во немоќ да ме победат на чесен и достоинствен начин на избори, СДСМ создадат мислење за мене дека нешто сум манипулирал со средствата прикажани во анкетниот лист, стои во реакцијата од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски до опозициската партија.

akt178-Gruevski-Unija-na-Zeni-vmro-740x320-520x225

Неговата реакција ја пренесуваме во целост:

Во врска со вчерашната и денешната прес конференција на Шилегов, од она што може да се види е дека Шилегов говори за анкетни листови од 2014 и 2015 година, а заборавил дека во 2015 воопшто немам поднесено анкетен лист бидејќи немаше избори во таа година. Анкетен лист имам поднесено во 2016 година. Значи друг пат кога сака да манипулира, треба барем технички да види кога се поднесуваат анкетни листови. Наместо со анкетни листови од 2014 и 2015, тој мавташе и ги споредуваше анакетните листови од 2008-ма и 2014-та.

Најдиректно демантирам дека од 2014-та до 2015-та месечно сум внесувал по 10 илјади евра.

Уште еднаш потврдувам дека остварените приходи во последните години се од редовната плата, и камати од депозити од претходните години. Се друго е лага и валкан обид на Шилегов, во немоќ на регуларен начин да ја добие поддршката на народот, да ме девалвира со измислици и лаги.

Граѓаните се заморени од фабрикуваните афери и манипулациите на СДСМ. Граѓаните сакаат мир, стабилност и просперитет. Граѓаните очекуваат политичките субјекти да бидат фокусирани на проекти кои ним ќе им обезбедат просперитетна иднина.

Со секој свој нов настап СДСМ секојдневно потврдува дека раководството на партијата нема капацитет за конструктивно работење во полза на народот. Единствено за што се способни и единствено нешто што знаат е наметнување на политика на деструкција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top