Најмалку 17 девојчиња загинаа во пожар кој избувна во спална соба на едно женско училиште во северниот дел на Тајланд, соопшти денеска локалната полиција.
– Во пожарот се повредени уште пет деца, од кои две се во критична состојба, изјави началникот на окружната полиција полковник Прајад Сингсин.
Пожарот избувнал минатата ноќ кога девојчињата, на возраст од пет до 12 години, спиеле во христијанското училиште Питакатвитија во дистриктот Ванг Па Паоу во провинцијата Чанг Раи.
Според прелиминарниот извештај, пожарот бил предизвикан од дефект на неонското осветлување во приземјето на објектот.
За време на пожарот во спалната имало 36 деца од 142, колку што го посетуваат училиштето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.