| четврток, 6 декември 2018 |

Концерт на дувачкиот ансамбл „Corona“

Дувачкиот ансамбл „CORONA“ на 26 мај во Салон -Империјал 1, со почеток во 20 часот ќе одржи концерт со наслов „Традицијата продолжува“.

Првиот албански дувaчки ансамбл, „CORONA”, e формиран во 2015 година и составен од четворица кларинетисти, проф. мр. Арбен Асланај, проф. Рами Мустафа, Арсим Османи (студент) и Рамадан Османи (студент).

Дувачкиот ансамбл „CORONA“ се промовираше на фестивалот “Албанска сериозна музичка сцена” во 2015година. Ансамблот настапил во Домот на Културата во Прешево, како и во организација на КИЦ-Скопје, на плоштадот „Скендербег“, во рамките на циклусот „ДОАЃАМЕ“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top