Според зборовите на војводата и војвотката од Кембриџ, нивното синче е исклучително живо дете, а сега открија и како го смируваат своето разиграно малечко.
Принцот Вилијам во една прилика на новинарите им рекол дека неговиот син Џорџ е „вистинско мало мајмунче“ и така и стави до знаење на јавноста колку е ѓаволесто преслаткото момче.
-Баш е гласно во нашиот дом – признал Вилијам. Кога го прашале како ги смирува своите деца, Вилијам рекол дека за успивање на Џорџ, користи вода.
Таткото забележал дека малечкиот го смирува звукот на вода која тече, па таа техника ја користи за заспивање. За разлика од него, принцезата Шарлот од раѓање е мирно бебе кое малку плаче, многу јаде и спие, што значи дека кралското семејство може да си ги дозволи високите сметки за вода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Првата жена ја изневеруваше без срам, а со сегашната троши ненормални суми пари: Принцот Чарлс ја разбесни јавноста!
-
Принцот Вилијам: Александар е добро име за новиот принц
-
Наследниците на Принс поднесоа тужба: Тие можеа да ја спречат неговата смрт
-
Полицијата објави видео од Принц, еден ден пред смртта: Бил потполно блед и изгубен (видео)