Министерката за војска на Велика Британија стравува дека многу до тие земји имаат висока стапка на криминалитет, проблеми со банди и терористички ќелии, како и високо ниво на сиромаштија.
Убијци, терористи и киднапери би можеле да пристигнат во Британија ако таа земја остане во ЕУ, наведуваат заговорниците на Брегзит, а британската министерка за војска, Пени Мордаунт рекла дека Британија би била помалку безбедна доколку Турција, Албанија, Србија, Црна Гора и Македонија влезат во ЕУ.
Како што пренесува британскиот портал Метро, таа е уверена дека ако Британија остане ви ЕУ, луѓето од овие земји ќе можат слободно да се движат и во Британија.
Министерката навела дека многу до тие земји имаат висока стапка на криминалитет, проблеми со банди и терористички ќелии, како и високо ниво на сиромаштија.
Заговорниците за останување на Британија во ЕУ ја критикувале нејзината изјава, а се огласил и британскиот премиер Дејвид Камерон, кој се оградил од овие изјави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.