| четврток, 6 декември 2018 |

Оперската претстава „Хофманови приказни“ утре на Мајски оперски вечери

Во вторник, 24 мај, 2016 г. во рамките на 44 МАЈСКИ ОПЕРСКИ ВЕЧЕРИ, со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет, ќе биде изведена оперската претстава „ Хофманови приказни“. „Хофманови приказни“ е опера напишана од Жак Офенбах. Либретото на француски јазик е напишано од страна на Жил Барбиер и базирано е врз три кратки приказни, напишани од страна Е. Т. А. Хофман. Како главен протагонист во операта е искористен Хофман лично. Барбиер и Мишел Кери претходно имале реализирано претстава „Хофманови приказни“, која била продуцирана во театарот Одеон во Париз во 1851 година и која Офенбах ја имал гледано.

Настапува бројна солистичка екипа: Хофман, Себастијан Ферада (Уругвај), Никлаус, Николина Јаневска, Олимпија, Ивана Здравкова, Џулиета, Олгица Милевска, Антонија, Биљана Јосифов,  Линдорф, Копелиус, Дапертуто,  Д-р. Миракл, Ернес Ибраимовски, Андрес, Дејан Стоев, Кошенил, Никола Стојчевски, Питикиначо, Дејан Стоев, Франц, Никола Стојчевски, Лутер, Диме Петров, Спаланцани, Зоран Данилов, Креспел, Владимир Саздовски, Глас, Надежда Рубен и Шлемил, Невен Силјановски.

Диригент е Јануш Пшибилски (Полска), режисер, Урсула Хорнер (Австрија), сценограф, Марија Ветероска, костимограф, Марија Пупучевска, кореограф, Урсула Хорнер, Олга Панго,  концерт мајстор, Климент Тодороски, светло мајстор, Васко Лисичов.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top