Репрезентацијата на Канада светски првак во хокеј на мраз, откако успеа да ја одбрани титулата со триумфот над Финска од 2-0 во големото финале што се одигра во Москва. Тоа е првпат по 2003 и 2004 година, една селекција да успее да ја одбрани светската титула.
Канаѓаните беа подобар противник во финалето и успеаја да стигнат во водство во 12.минута, со голот на Конор Мекдавид. По ова, умееја да ја контролираат играта и не дозволија Финците да израмнат, а конечниот резултат беше поставен во последната секунда од мечот, кога Мат Дукен ја погоди празната мрежа на противничката селекција.
Третото место го освои Русија, која во малото финале беше убедлива против репрезентацијата на САД, победувајќи со 7-2.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.