Швеѓанецот Златан Ибрахимовиќ го одигра последниот натпревар за Пари Сен Жермен, освојувајќи го и четвртиот пехар оваа сезона, во Купот на Франција, по триумфот над Олимпик Марсеј (4-2). Тој беше повлечен од игра неколку минути пред крајот и доби стоечки овации од навивачите на „Стад де Франс“. А потоа во свој стил ги прокоментира изминатите три години поминати во ПСЖ.
– Дојдов, видов, победив. Ви благодарам на сите за поддршката. Овој тим на ПСЖ е фантастичен и навистина е неверојатно ова што го направивме во изминатите три години. Ќе ми недостига овој клуб. Што се однесува до иднината, се уште не се предавам. Постигнав 50 гола во една сезона на мои 34 години. И се уште се загревам – изјави Ибрахимовиќ по мечот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.