| четврток, 6 декември 2018 |

Маж уби две и рани 11 лица на концерт во Австрија, по што се самоуби

концерт

Дваесет и седум годишен маж уби две лица и рани 11 на концерт во Австрија, по што се самоуби, јави ДПА.

Полицијата соопшти дека инцидентот се случил синоќа во градот Ненцинг, во провинцијата Форарлберг.

Мажот имал расправија со неговата пријателка, по што извадил оружје од неговиот автомобил и отворил оган кон присутните на концертот, чија бројка изнесувала околу 150 лица.

Концертот се одржувал на отворено во органзиација на моторџиски клуб.

Пријателката на напаѓачот е меѓу ранетите.

Според полицијата мажот стрелал со пушка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top