Исламска држава ги повика вчера своите приврзаници во светот да извршуваат напади врз Западот за време на светиот муслимански месец Рамазан, јави ДПА.
-Рамазан е месец на инвазија и џихад – изјави во аудиопорака портпаролот на ИД, Абу Мохамед ал Аднани. -Направете од тој месец, според Божјата волја, месец на несреќи за неверниците насекаде. Овој повик е насочен специјално кон војниците и поддржувачите на Исламскиот калифат во Европа и Америка- рече Аднани.
Тој изјави дека при нападите на Запад не треба да се штедат цивилите, бидејќи тие ќе бидат одмазда за воздушните напади на САД и нивните сојузници во Сирија и Ирак. Порака со траење од 22 минути е испратена од медиумскиот клан на ИД „Ал Фуркан“. Рамазан оваа година треба да почне да почетокот на јуни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Џихадистите се закануваат со напади во Њујорк за Нова година: 1 јануари е „ден на одмаздата“
-
Македонец подготвувал терористички напад во името на Исламската држава во Италија
-
Сирија: Варварскиот напад нема да нѐ поколеба
-
Кучињата повторно напаѓаат: Тројца каснати од куче во Скопје, меѓу нив и жена што била со малолетно дете