| четврток, 6 декември 2018 |

Будимир во притвор еден месец

budimirБосанскиот главен обвинител побара едномесечен притвор за вчера уапсениот  претседател на Муслиманско-хрватската федерација Живко Будимир, осомничен дека добивал мито во замена за помилување на осудени, јави босанскиот весник „Дневни аваз“.

Будимир и останатите 19 лица, уапсени вчера во рамките на акциите „Патриот“, „Правда“ и „Мемори“, беа сослушани денеска и за нив беше побарано и тие да останат во притвор.

Портпаролот на обвинителството Борис Грубешиќ соопшти дека конечната одлука ќе биде позната во рок од 24 до 48 часа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top