Босанскиот главен обвинител побара едномесечен притвор за вчера уапсениот претседател на Муслиманско-хрватската федерација Живко Будимир, осомничен дека добивал мито во замена за помилување на осудени, јави босанскиот весник „Дневни аваз“.
Будимир и останатите 19 лица, уапсени вчера во рамките на акциите „Патриот“, „Правда“ и „Мемори“, беа сослушани денеска и за нив беше побарано и тие да останат во притвор.
Портпаролот на обвинителството Борис Грубешиќ соопшти дека конечната одлука ќе биде позната во рок од 24 до 48 часа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


