| четврток, 6 декември 2018 |

Скопјанец пренесувал мигранти во багажникот на неговото „БМВ“

Вчеравечер околу 22,45 часот во близина на Демир Капија кај Прждевски споменик на автопатот во правец Гевгелија-Скопје, од страна на полициски службеници од ОН Неготино било запрено возило „БМВ“ со скопски регистерски таблици, а управувано од Н.Н.(23) од Скопје. Во багажниот простор биле откриени две лица илегални мигранти од Пакистан.

Н.Н. бил приведен и задржан во полициска станица и против истиот ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“, а мигрантите ќе бидат сместени во Прифатниот центар за странци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top