| четврток, 6 декември 2018 |

Најдобрите 25 студенти пристигнаа во Барселона

Најдобрите 25 студенти од првите три најдобро рангирани универзитети во земјава Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и Универзитетот на Југоисточна Европа, пристигнаа во Барселона.

Ова утрово на неговиот профил на „Фејсбук“ го сподели заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски, посакувајќи им убави моменти.

  • Дестинација која тие ја одбраа во рамки на владината стимулативно – наградна мерка за студентите кои имаат просек над 9,5. Освен авионскиот превоз, бесплатен им е и тридневниот хотелски престој и исхрана. Мерка која ја најавивме кон крајот на минатата година, а денес е уште едно исполнето ветување! Им посакувам убави моменти! – напиша Ристовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top