Најдобрите 25 студенти од првите три најдобро рангирани универзитети во земјава Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и Универзитетот на Југоисточна Европа, пристигнаа во Барселона.
Ова утрово на неговиот профил на „Фејсбук“ го сподели заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски, посакувајќи им убави моменти.
- Дестинација која тие ја одбраа во рамки на владината стимулативно – наградна мерка за студентите кои имаат просек над 9,5. Освен авионскиот превоз, бесплатен им е и тридневниот хотелски престој и исхрана. Мерка која ја најавивме кон крајот на минатата година, а денес е уште едно исполнето ветување! Им посакувам убави моменти! – напиша Ристовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Паника во Барселона: Сомнителен куфер со можна бомба, евакуирани два воза
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
Студентите три дена кампуваат пред „Стив Наумов“ и Кузман: Списоци има, домовите неспремни за вселување (галерија)
-
Одбележани 67 години од убиството на петтемина струмички студенти


