Земјотрес со интензитет од 6,2 степени според Рихтровата скала го погоди централниот дел на Австралија, соопшти Американскиот геолошки институт.
Во соопштението се наведува дека епицентарот на земјотресот што се почувствувал вчера се наоѓал на 460 километри западно од градот Елис Спрингс, на длабочина од десет километри.
Засега нема податоци за повредени или евентуална штета.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.