| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсени 135 лица за илегална трговија со вакцини

Властите во Кина уапсија 135 лица во 22 провинции за илегална трговија со вакцини, уште еден скандал што ја наруши довербата на јавноста во земјата за безбедноста на вакцините.

Наредби за апсење биле издадени против 125 лица, кои се занимавале со бизнис со вакцини без да имаат дозволи, соопшти националното обвинителство.

Десет високи здравствени службеници се уапсени за небрежност. Тие работеле во локални центри за јавно здравство и намерно ги купувале и користеле врз луѓето незаконските вакцини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top