Непосредно пред да се сруши во Средоземното Море, на одборот на египетскиот авион А320 избувнал пожар. Ова го изјави во интервју за германските медиуми експертот за безбедност на летовите Тим ван Беверен, кој појасни дека информациите за овие тврдења се дадени од египетските воздухопловни извори.
Податоците за летот, собрани преку авионски систем за адресирање и комуникација (ACARS), покажувале чадни сигнали пред несреќата во Средоземното Море, пренесува уште CNN.
“На авионот имало пожар. Сензорите предале исклучително јасен сигнал за задимување во тоалетот. По неколку минути имало пожар и во одделот на електронска опрема “, објасни ван Беверен.
Според информациите достапни досега, пожарот избувнал во предниот дел на салата на авионот во близина на пилотската кабина. Причините за огнот се непознати во моментот, прецизира Тим ван Беверен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.