По вчерашното прифаќање на договорот од српскиот парламент, првиот еврокомесар Кетрин Ештон оцени дека е рано за радост.
„Не треба да се радуваме пред време. Историјата се уште не завршила. Обете држави и натаму се на крстосница, но двајца храбри луѓе веќе го избраа патот на мирот, наведува Ештон во авторскиот напис, објавен во московски „Комерсант“.
Таа опишува како Ивица Дачиќ и Хашим Тачи во последните шест месеци се претвориле од политичари во миротворци кои што знаеле дека ризикуваат, но не се исплашиле.
„Тачи и Дачиќ на 19 октомври влегоа во мојот кабинет во новото седиште на Европскиот комитет за надворешна политика. Ниту еден од политичарите не знаеше како ќе се прифати веста за нивната средба во нивните татковини. Единствената заедничка фотографија, која ја направи наш фотограф, ја чував се додека обајцата премиери не дадоа согласност да се објави“, пишува Ештон.
Таа дополни дека задача на двајцата премиери е да им се „помогне на десетиците илјади Срби кои живеат во северно Косово“. Според неа, обајцата „биле подготвени на конструктивен дијалог“.
„Сега Србија и Косово тежнеат да влезат во ЕУ. Со спогодбата постигната минатата недела почна процес кој ќе им овозможи да ја постигнат својата цел“, наведува Ештон, дополнувајќи дека само фактот дека Дачиќ и Тачи дошле во нејзиниот кабинет докажува дека тие луѓе имале храброст да замислат подобра иднина за своите народи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.