| четврток, 6 декември 2018 |

Ја предвидела сопствената смрт – стјуардеса објавила фотографија од која ќе се наежите!

stju

Самар Ез Елдин (27) била стјуардеса во авионот на компанијата „Египет ер“ кој се урна во Средоземно Море. Таа на „Фејсбук“ објавила фотографија која многумина ја сфатија како претчуство или претскажување.

На фотографијата се прикажани опашка и крило на авион кои ѕиркаат од морето, додека водена стјуардеса мирно излегува од водата влечејќи куфер.

stju2

Таа оваа фотографија ја поставила на својот профил на 27 септември 2014 година, четири месеци откако почнала да работи за оваа компанија.

Колку за потсетување, тимовите кои трагаат по остатоците од авионот на „Египет ер“ во Средоземно Море, денеска пронашле дел од тело, седишта и куфери.

  • Пред неколку часа египетските власти нѐ информираа дека пронашле дел од тело, две седишта и еден или повеќе куфера во областа во која се спроведува потрагата кон брегот на Александрија – рекол денеска Панос Каменос на конференција за медиумите.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top