| четврток, 6 декември 2018 |

Платено боледување ако се разболи домашниот миленик

Една банка во Нов Зеланд на своите работници им овозможила боледување, дури и на неколку недели, доколку домашниот миленик им се разболи. Од компанијата порачале дека на ваков чекор се решиле со цел да ја поттикнат лојалноста кај своите вработени.

simptomi-koi-alarmiraat-deka-vaseto-milenice-mora-da-poseti-veterinar-1-

Љубителите на животните и сопствениците на домашните миленици ги чека платено отсуство кое им овозможува за своите миленици да се грижат како за свои деца. Иако предлогот за отсуството се решава од случај до случај, некои вработени добиле отсуство дури од неколку недели со цел нивните нови миленици да се адаптираат на средината.

– Секој може да бара флексибилност од кои било причини, вклучувајќи ја и грижата за животните – вели Соња Бел, портпарол на оваа банка.

Таа наведува дека нивната цел е вработените да имаат добри резултати и да бидат продуктивни , но и да успеат да балансираат меѓу своите лични, приватни и професионални обврски.

Банката на Нов Зеланд вработува 9.000 луѓе, а „боледување“’ од овој вид е одобрено за тројца вработени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top