| четврток, 6 декември 2018 |

Во Индија измерени рекордни 51 Целзиусов степен

­

visoki

Во Индија вчера се измерени 51  Целзиусов степен, што е највисока температура на воздухот откако се води статистика, соопшти денеска Индиската хидрометеоролошка служба.

Во градот Палоди, северна Индија се измерени 51 степен, со што е соборен рекордот од 50,6 степени измерени во 1956 година. Во северна Индија температурата во мај и во јуни се искачува над 40 степени, тоа се најтоплите месеци во годината, но ретко се случува температурата да биде повисока од 50 степени. Хидрометеоролозите предупредија на „силен топлотен бран“ кој ќе ги зафати поголеми делови од северните и западните области на Индија за време викендот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top