| четврток, 6 декември 2018 |

Русите и Американците се сложија: Бомба го соборила авионот

Американските власти веруваат дека авионот на летот МС804 од Париз до Каиро е соборен со бомба и тоа е иницијална теорија на основа на која се раководат, пренесува „Си-ен-ен“.

Како се наведува, две официјални лица на САД потврдиле за „Си-ен-ен“ дека во таа теорија веруваат властите но и дека тоа може да се смени и засега нема конкретни докази.

Причината за падот на патничкиот авион со 66 лица засега е непознат, но официјлни лица од Грција, Египет и Франција соопштија дека не ја исклучуваат можноста во прашање да е терористички чин.

Шефот на руската служба ФСБ изјави дкеа Русиај овој случај го третира како терористички чин.

– Ги повикуваме сите, заедно и нашите колеги и партнери од Европа да вложиме заеднички напори да откриеме кој е одговорен за овој терористички напад – изјави Александер Бортњиков.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top