| четврток, 6 декември 2018 |

Потврдено: Авионот на „Египетер“ експолодирал во воздух, пронајдени се остатоци од авионот

Потпретседагтелот на египетската авиокомпанија „Египетер“ Ахмер Адел, чиј авион исчезна од радарот над Средноземното море изјави дека се пронајдени остатоци од авионот.

– Пронајдовме остатоци од авионот. Има толку многу причини зошто еден авион може да се сруши. Засега нема објаснување зошто тоа се случи. Мора да продолжи истрагата – изјави Адел во интервју за „Си-ен-ен“.

Остатоците се пронајдени кај грчкиот остров Карпатос.

Шефот на заедницата на грчките контролори на лет Серафим Петроу изјави дека падот на авионот се случил одненадеж.

– Од искуство знам дека ова ненадејно исчезнување значи дека авионот експлодирал во воздух или се срушил во море. Без разлика која била причината, ништо не укажувало на тоа дека нешто ќе се случи – изјави Петроу.

Авионот имаше 66 патници и членови на екипажот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top