| четврток, 6 декември 2018 |

Соработка на Агенцијата за млади и спорт и Американскиот мировен корпус

ams-i-miroven-korpus

Агенцијата за млади и спорт и Американскиот мировен корпус договорија петгодишна соработка. Меморандумот денеска го потпишаа директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески и директорот на Мировен корпус Македонија Марк Ханафин.

Меморандумот за разбирање меѓу Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија и Американскиот мировен корпус, преку неговата канцеларија во Македонија, ги одразува намерите на двете страни за соработка, преку реализирање на Програмата за развој на заедниците и назначување волонтери на Мировен корпус Македонија и стручни волонтери на Мировен корпус.

Целта е да се утврди разбирањето и намерите во врска со улогите и одговорностите на двете страни, Мировниот корпус и Агенцијата, во поглед на осмислувањето, промоцијата, спроведувањето, евалуацијата и постојаната поддршка на проектите и активностите од Програмата за развој на заедниците.

Овој документ се повикува и на Спогодбата 1301-3594/7 меѓу Владата на Македонија и Владата на Соединетите Американски Држави во врска со Програмата на Мировен корпус потпишана на 11 јуни 1996 година.

Мировен корпус во Македонија има две програми преку кои ги реализира своите активности. Програма за развој на наставата по англиски јазик во основни и средни училишта и Програма за развој на заедниците.

Во последните 20 години повеќе од 500 волонтери служеа во Македонија, работејќи во областа на образованието и развојот на заедницата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top