Авион на египетска авиокомпанија со 66 патници и членови на екипажот на летот од Париз за Каиро исчезна од радарот над Средоземно Море.
Кандидатот за номинација на Републиканската партија за претседател на САД, Доналд Трамп, оцени дека тоа е уште еден терористички напад.
– По сѐ изгледа се случил уште еден терористички напад. Авионот полета од Париз. Кога ќе станеме паметни и внимателни? Во светот постојат многу омрази и болести – напиша Трамп на „Твитер“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.