| четврток, 6 декември 2018 |

Жена загина на автопатот Велес – Неготино, двајца повредени (фото)

soobrakajka velesПедесет и едно годишната Виолета Т. од Скопје загина, а нејзиниот син И.Т (27)  и мајка Т.Б (80) се тешко повредени во сообраќајната несреќа што утрово се случи во близина на Штипска клучка на автопатот Велес – Неготино. Уште едно лице имало во автомобилот марка Фолсваген поло кое поминало без повреди. Починатата и настраданите се семејство. Возилото  кое било управувано од синот на Виолета е сосема уништено. Повредените се префрлени во болницата во Велес – јави Дума.

-Двајца пациенти кои настрадале во тешка сообраќајна несрека се примени во болницата утрово околу 7.30 часот. Пациентот на 27 годишна возраст има полесни телесни повреди претежно површински во пределот на главата додека постариот пациен на 80 години има потешка телесна повреда. До сега се направени сите лабораториски и ренгенографски иследувања, се прават и дополнителни иследувања компјутер на глава кај постарата пациентка. Засега се во стабилна здравствена состојба – изјавува портпаролот на болницата, д-р Силвана Мишкова.

soobrakajka veles2

Возилото во кое патувало семејството на загинатата Виолета е целосно уништено. Засега се претпоставува дека возачот изгубил контрола, возилото удрило во бетонската ограда и се извртело но останало на коловозот на автопатот. Од ударот на лице место починала Виолета додека нејзиниот син се здобил со полесни а мајка и со потешки повреди. Во Полото имало и трето лице кое за среќа поминало без повреди.

-Сообракајната незгода се случила околу 7 часот. Во неа учествувало само едно возило марка Фолсфаген поло со скопски регистерски таблички и во него имало возач и уште тројца патници. Загината е жена на возраст од педесет и една година која седела на совозачкото место. Според првичните информации, возачот и уште еден од патниците се потешко повредени додека другиот патник има полесни повреди. Сите се задржани на лекување во болницата во Велес. Увидот само што заврши ќе следат и други истражни дејствија за да се утврдат причините за несреќата- изјавува рече истражниот судија на Основниот суд во Велес, Бојанчо Донев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top