| четврток, 6 декември 2018 |

Лејкерс без Брајант се лесен плен за Сан Антонио

Кошаркарите на Њујорк и Сан Антонио направија огромна предност од 3-0 во првата рунда од НБА плеј-офот, а Голден Стејт направи пресврт и сега води со 2-1 против Денвер.

Њујорк славеше во Бостон со 90-76, Сан Антонио ги декласира Лејкерси со 120-89, додека Голден Стејт на свој терен славеа со 110-108 против Денвер.

Без Коби Брајант, ЛА лејкерс се на прагот на испаѓање веднаш на стартот, а ноќеска го претрпеа највисокиот пораз во клупската историја. Тим Данкан со 26 поени и 9 скока и Тони Паркер со 20 поени и 7 асистенции, сигурно ги водеа Спарс до третата победа во серијата и сега им треба само уште еден успех, за пласман во полуфиналето на западната конфереција.

И кошаркарите на Њујорк се во слична ситуација, откако нанижаа три победи против Бостон. Кармело Ентони постигна 26 поени и го задржа просекот од над 30 поени против Келтите од Бостон. Го следеше Фелтон со 15 поени и 10 асистенции, а 15 поени уфрли  и Џеј Ар Смит. Њујорк нема добиено серија во плејофот, цели 13 години.

Андре Игудала промаши шут за три поени со звукот на сирената, а неговиот Денвер се наоѓа во незгодна ситуација, по вториот пораз во низа од Голден стејт. Воините победија со 2 поени разлика. Ги предводеше Стефон Кари со 29 поени и 11 асистенции. Кари има проблеми со скочниот зглоб, но стисна заби и одигра одлично. Голден стејт игра без центарот Дејвид Ли, но прави чуда и води со 2-1 против фаворизираниот Денвер. Кај гостите најефикасен беше Тај Лоусон со 36 поени.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top