| четврток, 6 декември 2018 |

Возило заврши во река во Прилеп, има повредени (ФОТО)

soobrakajka_kaj_stara_avtobuska_vo_Prilep

Фото: 10без10

Еден автомобил заврши во река по судир на две возила во сообраќајната несреќа што синоќа се случила на мостот кај старата авотбуска станица во центарот на Прилеп.

Од СВР Битола за „Република“ велат дека е извршен полициски увид, но деталите за несреќата се најавени за подоцна.

Она што е познато е дека жртви нема, но неколку лица завршиле со телесни повреди.

Според прилепскиот портал „10без10“, до сообраќајката дошло при директен судир на две возила „БМВ“ и „фолсваген“, едното возило излетало и завршило во речното корито, а другото е целосно уништено.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top